Home Актуелно Орце Камчев се повлече од директорската позиција во „Орка Холдинг“

Орце Камчев се повлече од директорската позиција во „Орка Холдинг“

Бизмисменот Орце Камчев, кој моментално е најактуелен во јавноста со аферата „Рекет“, а претходно беше актуелен со сè уште случајот во процес „Империја“, се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“. Тоа го покажуваат податоците од Централниот регистар објавени на 13.08.2019 година, пренесува „Слободен печат“.

На неговото место како директор и член на Извршен одбор на директори доаѓа Антонио Маринковски.

Тој останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа. Камчев се повлекува од позициите додека во тек е истрагата за случајот „Рекет“ во која се осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски кои побарале милион евра за да се стопира против него истрага за случајот „Империја“ на СЈО.

Од Неизвршниот одбор на директори се повлекуваат и мајката на Камчев, Ратка Куноска Камчева и Зорица Арсовска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…