Кит Флинт од The Prodigy должел 7,3 милиони фунти кога си го одзеде животот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наследниците на целокупниот имот од некогашниот лидер на музичката група The Prodigy, Кит Флинт, мораа да исплатат долгови во висина од 7,3 милиони фунти, колку што бил задолжен Флинт кога си го одзеде животот, па од богатството проценето на 11,6 милиони фунти кое го наследија тие, сега располагаат со 4,3 милиони фунти.

Легандарниот Кит Флинт, член на групата “The Prodigy”, во март оваа година беше пронајден обесен во својот дом, а според пишувањето на британскиот таблоид „The Sun”, тој починал во долгови. Според наводите на овој весник, Флинт во моментот на својата смрт имал долгови од 7,3 милиони фунти.

Откако во март неговото богатство било проценето на 11,6 милиони фунти, неговите наследници морале да ги отплатат долговите, така што сега располагаат со 4,3 милиони фунти.

Странските медиуми наведуваат дека Кит во текот на својот живот сакал да троши пари, што покојниот музичар своевремено и признал.

“Не чувам пари за ништо. Трошам се сега. Секогаш нешто во мене ми зборуваше дека ќе се убијам кога ќе потрошам се”, рекол Флинт во едно свое интервју.