Актуелно

Фетаи ја пцуела Јанева поради наредбата за претрес на обвинителите од СЈО

Веќе е познат фактот дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера дала наредба до полициските службеници да ги претресуваат сите вработени и обвинители во СЈО на излегување и влегување во обвинителството. Ова за Телма го потврди и специјалната јавна обвинтелка Фатиме Фетаи, откако вчера во 13 часот, кога се враќала во зградата на Рузвелтова била затекната од новите мерки на шефицата на специјалното обвинителство.

„Кога се вратив од пауза, полицаецот ме сопре и ми кажа дека мора да ми ја претресе торбата бидејќи таква наредба е дадена од обвинителката Јанева. Ми кажа дека кога на влезот ми викал но не сум го чула  и не сум застанала. Полицаецот тогаш ми кажа дека мора да ми ја претресе торбата. Се налутив и сочно опцув. Тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена. Ако сака нека ме отпушти или разреши, но не може да ме третира како криминалец, ни изјави телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која вели дека поради наредбата дури и заплакала од мака. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, ни изјави телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.

Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е засите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.

„Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО“, вели Фетаи за Телма.

Претходно наредбата за претрес и за забрана за излегување на службениците во СЈО пред зградата била кажана и на вработените во специјалното обвинителство.

Таа потврди и дека во понеделник сите присутни обвинители (бидејќи неколкумина се на одмор, а Стефанова беше на рочиште) биле на колегиум.

„Во понеделникот не собра на колегиум. Ни тврдеше дека е злоупотребена  и ни се закани, ако не ме браните, за сите ќе зборувам, сите ќе пропаднете со мене”, изјавила Фетаи.

Од прес службата на СЈО нема реакција, а специјалната обвинителка Јанева не одговори на нашите телефонски повици.

Advertisements
To Top