Официјално: НБА земјотрес – Леброн Џејмс во Лејкерс за 154 милиони долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако ги информираше челниците од Кливленд Кавалирс дека нема да го продолжи неговиот договор со тимот и остана слободен играч без професионален договор, НБА легендата Леброн Џејмс по кратко време го одбра својот нов тим.

Леброн Џејм за вртоглави 154 милиони долари официјално го облекува дресот на Лос Анџелес Лејкерс – ова е најновата информација која доаѓа од најмоќната и најдобра кошаркарска лига во светот за земјотресниот НБА трансфер кој го направи кошаркарската икона.

Вртоглавите 154 милиони долари се официјалната сума која Џејмс ќе ја добие за неговиот нов четирисезонски договор кој го склучи со Лејкерс.