Oфицијално: Френк Лампард нов тренер на клубот кој има амбиции за влез во Премиер лигата!

frenk

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендата на Челзи започна тренерска кариера!

Френк Лампард денес ја започнува својата самостојна тренерска кариера и тоа во второто по ранг натпреварување во Англија – Чемпионшип.

Лампард е нов тренер на Дерби Каунти!

Англискиот клуб кој пред неколку години се натпреваруваше во англиската Премиер лига утрово објави дека Лампард потпишал договор на три години.

За Лампард Дерби Каунти е прв клуб во кој ќе работи како тренер, додека како играч го носеше дресот на: Вест Хем, Свонси, Челзи, Манчестер Сити и Њу Јорк Сити каде што во 2016 година ја заврши блескавата играчка кариера.

Дерби Каунти е клуб кој во наредната сезона има амбиции да се избори за враќање во Премиер лигата, оваа сезона ја завршија на шестата позиција.