Home Спорт Кафу ги израдува навивачите на Реал: Најави голем трансфер на „Бернабеу“! (Видео)

Кафу ги израдува навивачите на Реал: Најави голем трансфер на „Бернабеу“! (Видео)

Легендарниот Бразил најавува голем трансфер на Реал Мадрид.

Маркос Кафу легендарниот десен бек на Рома, Милан и бразилската репрезентација е убеден дека неговиот сонародник и член а Рома, Алисон ќе заврши во Реал Мадрид.

„Марка“ пренесе видео кое е објавено на еден Твитер профил на навивачите на Реал кој го следат повеќе 1.2 милион фанови од арапските земји во кое Кафу јасно кажува:

„Алисон според мене ќе ја напушти Рома и ќе премине во Реал Мадрид“.

На дополнителното прашање Кафу само го зацврсти своето мислење.

„Да, за мене тоа е дефинитивно. Ќе премине од Рома во Реал Мадрид“, порача Бразилецот.

Да потсетиме, Алисон Бекер во овој момент е еден од најбараните голмани ова лето, а како потенцијални купувачи покрај Реал се јавија Ливерпул и Наполи.

https://twitter.com/ElPlanetaBlanco/status/1001681457243394050

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…