СЕНЗАЦИЈА ОД ОСТРОВОТ: Ливерпул тргнува по Куртоа!?

curtoa

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова би било вистинска СЕНЗАЦИЈА!

Познатиот и веројатно најдобриот новинар кога се трансферите во прашање Џанлука Ди Марицио на својот профил објави дека Тибо Куртоа би можел да заврши во Ливерпул!

Како причина се наведува неуспехот на Челзи да се пласира во Лигата на шампионите.

Од друга страна пак Ливерпул е во потрага по голман од топ класа со оглед на тоа што јасно е дека Мињоле и Кариус не се такви. Како што се наведува Ливерпул е спремен да ја искористи ситуацијата и конечно да се обезбеди на голманската позиција.

Да потсетиме, претходно голем интерес за Куртоа покажуваше Реал Мадрид кој бара земена за Кејлор Навас, но изгледа дека „кралевите“ своето внимание го насочија кон Алисон од Рома.

Засега не се споменува сумата која Ливерпул би можел да ја понуди.