Home Спорт Официјално: Габијадини го засили Саутемптон!

Официјално: Габијадини го засили Саутемптон!

Италијанскиот напаѓач Маноло Габијадини во последните моменти од преодниот рок го комплетираше трансферот од Наполи во Саутемптон.

Повремениот италијански репрезентативец, Габијадини, незадоволен од третманот во Наполи, реши да ја прифати понудата на Саутемптон и да се пресели во Премиерлигата.

Напаѓачот кој сезонава постигна пет голови на 19 натпревари во тимот на Наполи, за сума од 16 милиони евра замина во Саутемптон.

25-годишниот фудбалер во кариерата играше во Аталанта, Цитадела, Болоња и Сампдорија, а има одиграно и шест натпревари за репрезентацијата на Италија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…