Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Пред воопшто светот да стигне до делта варијантата на коронавирусот, а не пак до омикрон кој денес веќе најавува нов пандемиски бран на планетата, индиски (од Индија потекнуваше делта-сојот) и јужноафрикански претставници (од Боцвана и Јужна Африка ни доаѓа омикрон варијантата) побараа од Светската трговска организација да ги паузира патентите на вакцини како оние на Фајзер и Модерна. СТО одби, истото го направи и Трамп, и Германија, па надежта беше во Бајден.
Бајден пред некој месец излезе со ветување дека всушност ќе ги паузира патентите и ќе дозволи производство на генерички верзии на вакцини како онаа на Фајзер. Меѓутоа ништо од тоа не излезе. Прво му се побуни Германија (која преку Бионтек има удел во вакцината на Фајзер), па Бил Гејтс излезе и решително кажа дека паузирање на патентите би било штетно, па потоа проработе ПиАр сервисот на фармацевтската индустрија и се најавија милиони бесплатни дози за Африка и сиромашните држави преку Ковакс.
Додека се одвиваше ова сценарио за стишување на барањата за укинување на патентите и за чистење на образот на фармацевтската индустрија, во Јужна Африка се крчкаше нова варијанта, па сега светот пак почна да затвора граници, да укинува авионски летови и да размислува на затворање на државите.
Криминалот што тука го прави Бил Гејтс (кој со своите милијарди долари вложени во глобалното здравство е клучниот човек кој одлучува за глобалните насоки на здравството и медицината) е што и дозволува на фармацевтската индустрија да ги молзе богатите држави за пари, и да дозволи во тоа да страдаат сиромашните држави и луѓето во нив.
Фармацевтските компании кои имаат квалитетна вакцина можат својот производ за големи пари да го продадат на богатите држави. Во исто време сиромашните (Африка има стапка на вакцинирање од 7%) не можат никако да стигнат до овие вакцини, што помага во ширење на вирусот, што пак доведува до негово мутирање и нови поопасни варијанти. Новите и поопасни варијанти, дополнително ги плашат богатите држави, кои нарачуваат уште повеќе вакцини од истите производители, заради што сиромашните не можат да стигнат до квалитетните вакцини и.тн.
Ова доведува до т.нр. вечна пандемија, или во сметководствените книги на фарма индустријата вечен профит.