Одмаздата на мајмуните – во еден месец убиле околу 250 кучиња (снимка)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Група мајмуни во Индија во последниот месец убиле околу 250 кучиња фрлајќи ги од високи дрвја или згради.

Жителите на малото индиско градче во кое е посведочен овој феномен, а кое брои околу 5.000 жители, на 480 километри од Мумбаи, велат дека мајмуните почнале да се одмаздуваат од пред околу еден месец откако неколку кучиња убиле младо мајмунче.

Оттогаш мајмуните започнале да ги фаќаат кучиња, потоа ги влечеле и ги фрлале од високи места.

Во овој град речиси и да нема повеќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.

Фотографиите и видеата од локалните медиуми покажуваат угинати кучиња на покриви или на гранки, како и кучиња кои бркаат мајмуни додека жените и децата се засолнуваат на безбедно.

Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца, што предизвикало паника кај жителите. Мештаните апелирале до локалните власти да помогнат во фаќањето на одмаздољубивите мајмуни, а некои дури се обиделе и сами да ги фатат и да си ги спасат кученцата, па неколку луѓе биле повредени.