Од мала VW машина до „ѕвер“ од 1.800 коњски сили


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога малиот VW модел Lupo ќе го појачате до степен на ѕверска моќност и спецификации, добивате луда машина од 1.800 коњски сили како од бесните акциони филмови со луди брканици со коли.

Основата е Lupo, поранешно дете на Фолксваген, сакан од многумина заради неговата спретност и економичност, особено во изданието 3L. Оваа преработка нема ништо од горенаведеното, но има 2,0 мотор, и тоа два.

И секој доби по две турбини, секоја дава по 900 КС. Очекувано, четврт милја минува за околу 9 секунди, дури и со проблемите со преносот на толку многу моќ на подлогата.