Home Шоубизнис На продажба куќата во која се самоуби култниот музичар Курт Кобејн

На продажба куќата во која се самоуби култниот музичар Курт Кобејн

Славниот гранџ музичар Курт Кобејн само три месеци пред да изврши самоубиство се подновил со куќа во Сиетл, во која подоцна си го одзел животот, а неговото безживотно тело го пронашол електричарот кој дошол да сработи нешто во куќата.

Курт Кобејн и Кортни Лав ја купиле куќата во Сиетл во јануари 1994 година за 1 милион долари и сега се продава за 7,5 милиони долари. Двојката, на прекрасниот имот на брегот на реката Вашингтон, за жал живееше заедно многу кратко.

По неколкуте неуспешни обиди на Кобејн да се ослободи од хероинската зависност и откако социјалната служба двапати им ја одзела нивната ќерка Франсис Бин, тој се самоубил на 5 април 1994 година, на таванот на куќата.

Неговото тело по три дена го пронашол електричар кој дошол да го инсталира безбедносниот систем.

Фронтменот на Нирвана се застрелал со пиштол во главата, а покрај неговото тело пронашле проштално писмо напишано со црвено мастило.

Кортни Лов и натаму живееше таму по трагедијата, а во 1997 година ја продаде куќата за 2,9 милиони долари. Сегашните сопственици добија закупни права во 2000 година.

Домот има површина од 8 000 квадратни метри и е на 0,74 хектари земја. Има четири спални соби и четири купатила со посебна гаража и потпорен ѕид што доплнително е изграден во 1999 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …