Бен Афлек „уловен“ на вечера со вдовицата од Стив Џобс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Холивудската актерска и режисерска ѕвезда Бен Афлек беше забележан од папараците во друштво на вдовицата од починатиот технолошки иноватори и основач на Apple, Стив Џобс, милијардерката Лорен Пауел Џоб.

Двајцата биле забележани заедно на излегување од ресторан во Лос Анџелес, а иако извори блиски на Афлек и Лорен Џобс тврдат дека тие се само пријатели, остатокот од американските медиуми и дел од јавноста се убедени дека, судејќи по допирите и говорот на телото, можело да се заклучи дека тука има нешто повеќе од само пријателство.

Веднаш почнале шпекулациите дека сопругата на починатиот Стив Џобс и актерот се во врска.

„Тие се пријатели долго време“ – открил извор близок на Афлек и Лорен Пауел Џобс, тврдејќи дека тука станува збор исклучиво за пријателство, но говорот на телото зборува дека има многу повеќе.

Нивното познанство почнало кога актерот го основал Eastern Congo Intiative, додека Лорен Пауел Џобс се занимава со филантропија од 2010 година. Лорен и Афлек биле видени и фотографирани во омилениот ресторан на славните личности „Џорџо Балди“, во Санта Моника.

Во ресторанот влегле одделно влегле, а подоцна и излегле секој сам, тие поминале дури три часа уживајќи во деликатесите, како и во разговорот. Во истиот ресторан пред само неколку недели била видена и поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, која пристигнала таму со своето момче.