Home Шоубизнис Од чалам испадна најголема „лузерка“: Ема „ќе си касне од задникот“ за лошата одлука

Од чалам испадна најголема „лузерка“: Ема „ќе си касне од задникот“ за лошата одлука

Британската актерска ѕвезда Ема Вотсон (26), која се прослави со улогите во хит филмовите за Хари Потер, била првичниот избор за главната женска улога во филмот „Ла Ла Ленд“, мјузиклот номиниран за дури 14 Оскари.

„Постави барања коишто продуцентите не можеа да ги исполнат. Бараше сите проби да бидат во Лондон, како и да добие мошне висок хонорар“, раскажал извор близок на актерката.

Наместо Ема, улогата ја добила две години постарата Ема Стоун, која сега е на чекор да се вивне во ѕвезденото оскарско небо на најславните филмски награди. Ема Вотсон веројатно зажалила поради преголемите барања, особено поради номинацијата за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, која и припадна на Ема Стоун.

Филмот „Ла Ла Ленд“ освои и седум Златни глобуси, а американските продуценти го прогласија за филм на годината.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …