Славни

Од бездомник до прв голман кој му одбранил пенал на Роналдо на Мундијал

Малку луѓе на светот за неколку години можат да кажат „Му одбранив пенал на Кристијано Роналдо“, а иранскиот голман Бејранванд не само што е еден од нив, туку е и првиот кој тоа го направил на едно Светско првенство.

Херој на Иранците на ова Светско првенство дефинитивно е голманот Бејранванд кој на почетокот на второто полувреме во дуелот со Португалија одбрани пенал на Роналдо.

Бејранванд така стана првиот голман кој успеа да му одбрани шут од белата точка на Роналдо на Мундијалот и сигурни ќе влезе во историјата. Приказната за овој 25-годишен голман е навистина тажна бидејќи уште како дете морал да избега од својата куќа и некое време бил бездомник, но љубовта кон фудбалот била посилна од се.

Иранскиот голман избегал од куќата како дете и неколку години живеал како бездомник. Кога почнал да се занимава со фудбал спиел пред стадионот на локалниот тим за кој тогаш тренирал. Дури луѓето му давале пари мислејќи дека проси, а еве судбината сакаше десет години покасно да одбрани пенал на еден од најдобрите играчи на светот.

„Спиев пред вратата на клубот за кој тогаш тренирав и се сеќавам едно утро кога се разбудив најдов пари пред мене кои луѓето ги оставале мислејќи дека просам, но не беше така. Сепак, тоа утре после долго време имав убав доручек и тоа секогаш ќе го паметам. Животот не беше лесен за мене, но никогаш не сакав да се откажам од своите соништа.“ – порача Бејранванд.

To Top