Од 12. јули секој кој сака да се вакцинира против Ковид-19 ќе може да го стори тоа без закажан термин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од 12. јули, секој жител на Македонија кој сака да се вакцинира против Ковид-19 тоа ќе може да го направи без пријавување и закажан термин, како што беше досега, соопшти Министерството за здравство. Паралелно ќе се одвива и вакцинацијата на оние кои се пријавиле на веб-платформата.

Од 12 јули, вакцинацијата ќе се одвива во постоечките вакцинални пунктови од здравствените домови и болниците во државата, а во спортските сали ќе се одвива масовна ревакцинација.

Од Министерството за здравство додаваат дека денеска министерот за здравство Венко Филипче, на состанок со директорите на здравствените домови во државата и членови на Националната работна група за ковид-19 вакцинација, ги утврдуваа насоките за организација на теренска вакцинација која треба да започне од следната недела.

„Здравствените домови до петок треба да изготват план и организација за секој ден, време и место на теренската вакцинација. Граѓаните кои ќе ја примаат првата доза вакцина на мобилен пункт, истите и ќе се ревакцинираат на терен“, велат од неговиот кабинет.

Според последните податоци од сајот за ковид вакцинација, во земјава досега се вакцинирани 358.686 граѓани, а пријавени се 484.220 лица. Имунизацијата во земјава тече со вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Синовак“.