Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Штипскиот талент за математика, осмоодделенецот Дамјан Давков, освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада –ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.
-Во нашиот тим членувале и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим бил проф. Д-р Ѓорѓи Марковски.
Екипата се натпреварувала виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, а учеството го организирал Сојузот на Математичари на Македонија. Веста за освоеното злато на Давков, ја сподели на социјалните мрежи неговата мајка Никица Давкова.
Младиот математичар се најде во центарот на јавноста на почетокот на годинава, кога освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, бидејќи и покрај освоеното прво место не му следувала, затоа што бил ученик во основно, а истата им следувала на ученици во средно образование.