На 51 година Гвен Стефани конечно и официјално „рипна в тавче“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


51-годишната пејачката Гвен Стефани се омажи за својот свршеник, 45-годишниот Блејк Шелтон, пренесува порталот „Пејџ сикс“.

Музичката двојка имала интимна церемонија на фармата на Шелтон во Оклахома. Американските медиуми пишуваат дека Блејк веќе претходно изградил капела, со намера таму да се ожени со Гвен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GwenSNews (@gwensnews)

Да потсетиме, двојката се запозна во 2014 година кога двајцата учествуваа во американскиот музички натпревар „The Voice“, а двајцата во приближно исто време се разведоа од своите дотогашни партнери.

– Бевме на исто место. Двајцата се чувствувавме изневерени и кога дознавме дека минуваме низ истото, тоа нè поврза – изјавил во една прилика Блејк за магазинот „Пипл”.

Една година подоцна, тие потврдија дека се во врска, а се свршија во октомври минатата година.