Новата лимузина од Путин – подвижен моќен бункер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неколку години најавување и повеќе протечени и полуофицијални фотографии од различните прототипови, конечната верзија на Путиновата претседателска лимузина конечно беше покажана пред руската и светската јавност.

Автомобилот со кој рускиот претседател се одвезе на положувањето на заклетвата беше создаден токму на негова иницијатива. Рускиот претседател предложи на рускиот пазар да се претстави линија домашни, луксузни лимузини, моноволумени и кросовери под заедничкиот назив „Проект Кортеж“.

Идејата беше претседателот да има посебно возило, но паралелно да се развијат возила за останатите високи државни функционери, вклучувајќи специјализирани возила, миниванови и кросовери. Дел од производството треба да биде достапен и на слободниот пазар.

Конечната верзија на лимузината кортеж која можевме да ја видиме на инаугурацијата однадвор изгледа како комбинација од С-класата на Мерцедес и фантом на Ролс Ројс.

Според неофицијалните информации, автомобилот под хаубата има V12 мотор со турбополнач и 850 коњски сили, развиен со помош на Порше, а автоматскиот деветбрзински менувач е наводно од руско производство.

Што се однесува до останатите возила од Проектот Кортеж, планирани се моноволумен, кросовер и помала лимузина, а секој од луксузните модели ќе се изработува во серии од по 5.000 примероци.