Невидлив убиец во Македонија не бира жртви – по четри мртви дневно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Регионалните медиуми пренесуваат дека во Македонија дневно умираат по четири луѓе од загадување на воздухот. Затоа, според истражувањата на Светската банка, Македонија се најде на првото место на листата со најзагадени земји во Европа каде воздухот е најзагаден со цврстите ПМ 10 честици, а на петто место според бројот на смртни случаи од истата појава.

Истражувањето покажа дека суспендираните честички се причина за смрт на повеќе од 1.300 луѓе секоја година во Македонија, изгубени над илјада работни денови, што земјата ја чинат околу 250 милиони евра годишно, или 3,2 насто од бруто домашниот производ.

Експертите укажуваат дека смртноста расте баш во време кога воздушната загаденост е на највисоко ниво, а тоа е почетокот на грејната сезона. Загадувањето на животната средина генерално се припишува на индустријата и транспортот, иако на загадувањето во голема мера влијае и загревањето на домаќинствата, школите и другите објекти со греење на дрва, јаглен, но влијание имаат и штетни материјали како прегорено масло од автомобилите.

1-12-tivok-ubiec2

Статистичките податоци покажуваат дека постои корелација помеѓу загаденоста и бројот на заболени луѓе. Податоците на Институтот за јавно здравје од Скопје покажуваат дека на секои 10 микрограми воздушно загадување со ПМ 10 и ПМ25 честици, за 10 насто се зголемува смртноста кај ризичните групи. Колку подолго трае загадувањето, толку поголема е смртноста на хроничните заболени луѓе, оние со ослабен имунитет и луѓето над 65 години.

1-12-tivok-ubiec3

Смртноста од мозочни удари, кардиоваскуларните заболувања и ракот на белите дробови во Македонија се двојно поголеми отколку во другите земји. Загадувањето на воздухот е тивок убиец во урбаните средини. Намалувањето на ПМ10 и ПМ25 честиците на ниво на европските вредности и стандарди би резултирало со избегнување на повеќе од 800 смртни случаи годишно, вели д-р Драган Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје.

Со проблемите на загаден воздух Македонија се соочува секоја година во овој период. Властите рутински апелираат да не се излегува од дома, помалку да се користат автомобилите, да се внимава со што се гори во шпоретот за греење и готвење, а екологистите и граѓаните преку социјалните мрежи истакнуваат дека со апелирање ништо не се постигнува, туку дека се потребни ригорозни мерки, според законите и со засилен инспекциски надзор.