Home Спорт Неверојатното барање на Роналдо: Нема да се зборува за мене и после мојата смрт!

Неверојатното барање на Роналдо: Нема да се зборува за мене и после мојата смрт!

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо, им забранил на вработените во клубот да шират информации за него и 70 години по неговата смрт, соопшти „Notisijas ao Minuto“.

„За мене нема да се каже ниту збор, дури и кога ќе бидам починат. Во спротивно следува казна“! Навидум бизарно барање, но со оглед на тоа дека доаѓа од Кристиано Роналдо тогаш се е можно.

Според истиот извор, за да се заштити Роналдо со секој од вработените потпишал договор, кој забранува ширење информации поврзани со неговиот приватен живот. Доколку некој го прекрши договорот ќе се соочи со казна од најмалку 300.000 евра!

„Notisijas ao Minuto“ пишува дека ваквите договори со вработените во Реал Португалецот ги потпишувал по објавувањето на документите од страна на „Football Leaks“ дека ги користел услугите на офшор компаниите од Девствените Острови, преку кои затајувал данок од рекламните договори.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…