Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
На дуелот помеѓу Удинезе – Џенова татко и мало дете се појавија со транспарент со кој им даваат поддршка на двајца играчи од две различни екипи, Горан Пандев и Илија Несторовски.
Се работи за двајца нашинци во Италија кои отишле на средбата во Удине да ги гледаат во живо Пандев и Нестор.
Голови не видоа, а ниту настап на Несторовски кој сè уште не добива шанса после долгата пауза поради повреда, но затоа малиот Махир успеа да стигне до македонскиот центарфор и да добие фотографија.
Пандев ги одигра последните 17 минути од средбата.
„Нестор и Пандев, сега сум мал, но кога ќе пораснам сакам да бидам како вас”, пишуваше на пораката од малиот.