„Непристојниот“ предлог за Кабиб: Дали оваа понуда ќе го натера да си оди од UFC?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


UFC шампионот во лесна категорија, Дагестанецот Кабиб Нурмагомедов, на социјалните мрежи откри дека добил интересна понуда за продолжување на кариерата во друг правец од оној кој го дефинира UFC, пренесува Спортски.мк.

За Дагестанецот после борбата со Конор МеКгрегор зборува целиот свет, а Кабиб испрати закана до УФЦ дека ќе го раскине договорот со организацијата доколку некој од неговите членови на тимот биде казнет.

Нурмагомедов тврди дека е спремен да замина, а преку социјалните мрежи потврди дека има организација која сака да го види во своите редови. Тој утрово откри дека добил понуда од „WWE“ oрганизацијата.

Раководството на популарните кечери со задоволство би го видело во своите редови, а Кабиб се консултираше со своите фанови на социјалните мрежи.

„WWE ми предложи да скокнам внатре. Што мислите за тоа?“, запраша Дагестанецот преку својот Твитер профил.