Нервно попушти: Селена Гомез заврши на психијатрија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната пејачка Селена Гомез самоа се пријавила во психијатриска болница поради „емоционален стрес“, каде ќе биде подложена на медицински третман и лекување

Селена Гомез се наоѓа во психијатриска установа на лекување, откако минатата недела двапати посетила болница, пренесува ТМЗ.

Селена првиот пат заминала во болница поради лошиот резулат на крвта во врска со минатогодишната трансплантација на бубрег.

Била примена и потоа по неколку дена ја напуштила болницата, по што нејзината општа состојба повторно се влошила.

Поради здравствените проблеми дошло до „емоционален стрес“ по што Селена завршила на психијатрија.

Наводно пејачката кога била примена во болница поради лошата здравствена состојба побарала од докторите да ја отпуштат, но тие не сакале да го сторат.

Тогаш Селена „збеснала и ја извадила инфузијата од раката“, тврди извор близок на пејачката.