Неколку трика да проверите дали сте купиле вистински млечен кашкавал или со палмино масло


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кашкавалот е посебен вид сирење и се прави од овчо или кравјо млеко, се мешаат кравјо и овчо млеко, а се прави и од козјо млеко, чисто или мешано со кравјо млеко. Главно – треба да биде од млеко. Сепак, прехранбената индустрија често знае да нè измами и наместо кашкавал од млеко да ни подметне кашкавал направен со палмино масло.

За да добиеме килограм кашкавал, потребни ни се околу пет литри млеко. Како и секоја друга храна, сирењето и неговото производство подлежат на разни проверки и мораат да поминат разни тестови сè додека не се најдат пред потрошувачите.

Еве неколку трика како да проверите дали кашкавалот што сте го купиле е млечен, или е направен со палмино масло:

– Допрете го кашкавалот и разгледајте го – палминото масло му дава на кашкавалот светло жолта боја, додека бојата на вистинскиот кашкавал не е толку интензивна. Исто така, кашкавалот на кој му е додадено палмино масло е помеко на допир отколку вистинското.
– Тестирањето на кашкавалот можете да го направите и со ладен нож. Кашкавалот се остава на собна температура, а ножот во фрижидер. Ако при сечењето на ножот се задржи маснотија, кашкавалот е веројатно фалсификат, затоа што, за разлика од млекото, растителните масти се топат на собна температура.
– Најсигурна проверка е загревањето на кашкавалот во рерна. Вистинскиот кашкавал ќе се растопи по површината и ќе стане растеглив, додека фалсификатот буквално ќе исчезне – ќе се стопи.