Актуелно

Некои никогаш не ја видоа, а оди во пензија – од четврток се пуштаат новите банкноти

Банкнота која ретко кои граѓани видоа како изгледа, никогаш не поминала низ нивни раце а камоли да заврши на нивни штедни сметки.

Народната банка соопшти дека петилјадарката ја повлекува од оптек, бидејќи таа не е прифатена од пошироката јавност поради високата номинална вредност, ограничена е застапеноста при вршењето на готовинските трансакции и размена и нејзината примена во секојдневните трансакции е незначителна.

12-12-novi-banknoti1

12-12-novi-banknoti2

Наместо 5 000 НБРМ ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари.

НБРМ информира дека одлуката за издавање книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постоечката апоенска структура на книжните пари во оптек.

12-12-novi-banknoti3

Слабиот интерес за парите во апоени од 5.000 денари е сигнал за нискиот животен стандард на македонските граѓани, кои знаејќи дека кога еднаш ќе раситнат илјадарка ја снемува додека трепнеш, воопшто не ни помислуваат на чување пари со висока номинална вредност како што е петилјадарката.

To Top