Нејмар му пријде на Фирмињо после мечот: Англичаните веднаш преведоа што му рече!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул синоќа во дербито на колото во Лига на шампиони го победи ПСЖ со 3:2, а херој за „црвените“ беше Роберто Фирмињо.

Токму Фирмињо беше тој кој предизвика најголем интерес кај новинарите после мечот, а во моментот кога даваше изјава му пријде Нејмар.

Англиските медиуми веднаш преведоа што му кажа Нејмар на својот сонародник.

„Честитам, одигра фантастично. Ќе позборуваме подоцна“, му рече Нејмар.

Фирмињо мечот го започна од клупата поради проблеми со окото, но му донесе победа на својот тим во судиското продолжение.