Нашиот Јане во спот со Меси, Роналдо и Погба (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Малиот Јане Велковски е дел од најновиот спот на УЕФА во рамките на проектот „Рамноправна игра“.

Јане ја имаше честа се појави во спот заедно со најголемите фудбалски ѕвезди Лионел Меси, Кристиано Роналдо и Пол Погба.

Јане боледува од мускулна спинална атрофија и живее во количка, а УЕФА ја раскажа неговата сторија.

Неговата мајка потврди дека Јане утре заминува на операција, а УЕФА на својот сајт го објави видеото со фудбалските ѕвезди.