Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Не помина долго време откако дознавме за новиот омикрон сој на коронавирусот, а веќе се појави и негова нова варијација која, како што предупредуваат научниците, многу тешко се детектира со ПЦР тестот. Името на новиот сој е омикрон-лајк (omicron-like), односно „налик омикрон“, а новата варијанта е многу блиска до класичната, но со само една важна разлика во мутацијата на генот.
Научниците во Австралија одржале конференција за медиумите на која го потврдиле присуството на новиот сој, а истакнале дека новата мутација го носи името БА.2 или омикрон-лајк.
– Генетски ја утврдивме разликата помеѓу двете мутации и веднаш им јавивме на меѓународните установи. Постои јасна дистинкција помеѓу овие две варијации на генетско ниво – истакнал австралискиот министер за здравство Питер Ејткен.
Новиот омикрон-лајк бил потврден кај патник кој минатата недела се вратил од јужноафриканската провинција Гаутенг. Тој во моментов се наоѓа во изолација во хотелскиот карантин во Бризбејн и има лесна клиничка слика.
Омикрон има 32 мутации, а новата верзија само 14, што и понатаму е двојно повеќе од моментално доминантната делта варијација на коронавирусот.
И додека кај омикрон сојот недостига одреден ген и поради тоа полесно се детектира на ПЦР тестот, новиот омикрон-лајк го содржи тој ген и со тоа станува невидлив за ПЦР тестот, кој се смета за златен стандард.
Сепак, тоа не значи дека заразената личност ќе биде негативна на тестот, туку дека тестот ќе покаже дека во прашање е некој претходен сој на коронавирусот.