Home Актуелно Уставниот суд во Словенија ја прогласи за неуставна одлуката за задолжително вакцинирање против Ковид-19

Уставниот суд во Словенија ја прогласи за неуставна одлуката за задолжително вакцинирање против Ковид-19

Словенечкиот Уставен суд ја прогласи за неуставна одлуката на словенечката влада дека во службените простории на државната администрација можат да работат само вакцинирани лица и оние кои се заразиле со ковид-19 и на тој начин стекнале имунитет.

Владата на Јанез Јанша кон средината на септември годинава донесе одлука државните службеници да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани или прележале ковид-19, но таа не стапи на сила, бидејќи синдикатите на вработените побараа од Уставниот суд да ја провери уставноста.

Во пресудата, уставните судии навеле дека таканаречениот „ПЦ услов“ за доаѓање на работа, што „значи само вакцинирани и болни“, всушност е еднаков на воведување задолжителна вакцинација за вработените и дека такво нешто не може да биде пропишано со подзаконски акти или владини одлуки.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…