Home Вебкафе Нацизмот не е мртов: Најголемата тајна нацистичка колекција откриена во Аргентина (видео)

Нацизмот не е мртов: Најголемата тајна нацистичка колекција откриена во Аргентина (видео)

Полициските служби од Аргентина во соопштението за јавноста открија дека ја пронашле досега најголемата позната колекција од нацистички обележја и предмети на аргентинска територија.

Колекцијата е лоцирана во тајна соба од една куќа која се наоѓала во предградие на Буенос Аирес. Меѓу предметите кои се најдени во неа има релјефен профил од нацистичкиот фирер Адолф Хитлер и други предмети со кукасти крстови, како и бизарна медицинска направа за мерење човечки глави.

Контроверзната колекција брои вкупно 75 артефакти кои датираат од периодот на нацистичкиот подем и зенит. Се смета дека истите им припаѓале на високи нацистички воени лица од Втората светска војна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Џенифер Лопез во Рим го покажа совршениот летен тренд: фустанот-шал е парчето што ја освојува сезоната

Ве молиме испратете го текстот што сакате да го преведам на македонски јазик. …