Нашиве вода да му носат: Одговорот на Вучиќ на прашањето „зошто некои го мразат Ѓоковиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сцена: Водителката од ТВ Пинк, после епското финале на овогодинешното издание на Вимблдон, во кое рекетите ги вкрстија Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, а кој го доби Србинот, го прашува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како го коментира фактот дека има луѓе кои не го сакаат Ѓоковиќ, а ги презираат оние кои го обожаваат и се гордеат на неговите победи и успеси.

Водителката културно и уредно си прашува што мисли Вучиќ за оној дел од српските државјани кои, всушност, го презираат Ѓоковиќ, или поточно сите оние кои навиваат за него, го обожаваат, ги слават неговите успеси и се радуваат на неговите победи и тоа што тој секаде ја промовира Србија.

И Вучиќ го дава веројатно досега најепскиот одговор кој слободно може да влезе во историјата како спин, но и како театар на апсудродт, а да не споменуваме фраза од типот „јас друго те прашувам – па, јас друго и ти кажувам“.

Се поставува прашањето дали човеков воопшто слуша некого и нешто што му се кажува, што го прашуваат? Дали нешто воопшто го тангира и допира до него?

Секоја чест, „мајсторе“. Нашиве „заевци, груевци“ и останата „елита“ водат можат да ти носат за „спин“. И да, можеш часови да им даваш.

Дека не е монтажа, можете да се уверите од целосната снимка од интервјуто (на самиот почеток, околу 2 минута).