Катица Јанева официјално на боледување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најновите информации во врска со „исчезнувањето“ на Катица Јанева од обвинителското работно место и јавноста веднаш после поднесувањето на оставка од СЈО велат дека „специјалната“ отворила боледување веднаш после депонирањето на оставката.

Неофицијално, барањето е поднесено на 16 јули. Последен пат Јанева била на работа во СЈО во понеделникот.

Потоа Ленче Ристоски ја објави оставката и ги известила колегите. На Јанева и е одземен мобилниот телефон поради истрага за можна вмешаност во случајот „Рекет“, во кој беа притворени Бојан Јовановски и Зоран Милески.