Највредниот тим во светот без Роналдо и Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо и Лионел Меси и понатаму се во врвот на светскиот фудбал, но нивната вредност полека ја надминуваат некои нови момци, пишува Спортски.мк.

Таквиот развој е сосема логичен со оглед на годините на двајцата.

Истражувачката група „Фудбалската обсерваторија „ЦИЕС“ објави нова ранг листа на највредните фудбалери на денешеницата. Лионел Меси се најде на четвртото место со вредност од 167.4 милиони евра, додека Кристиано Роналдо е 20-ти. Португалецот се проценува на вредност од 118 милиони евра.

Како и на некои претходни листи највреден Килијан Мбапе, него го проценуваат на 252 милиони евра.