Најпознатиот руски психолог: „Овие шест правила гарантираат здрава психа – вака живеам со години“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Многумина ќе речат дека личност со целосно здрава психа денес не постои. Но, ве уверувам дека постои“, тврди светски познатиот руски психолог Михаил Лабковски.

„Овие шест правила по кои живеам, ги имам воспоставено во текот на 30-годишната работа со пациенти, но и работа на самиот себе. Доста сум се преиспитувал, анализирал, додека не сум дошол до овие методи. На невротичните лица овие правила им звучат нереално, незамисливо. А некој сосема природно живее според нив“, објаснува Лабковски.

„Сфатив дека невротичните лица и лицата со психички маки лесно можат да се разликуваат од луѓето со здрава психа. Многумина ќе речат дека личности со целосно здрава психа денес не постојат. Но, ве уверувам дека постојат и дека ако се придржувате до овие шест правила во живеењето, и вие можете да имате сосема здрава психа“.

1. Прави го она што го сакаш.

2. Не прави го она што не го сакаш.

3. Веднаш разговара за она што не го сакаш.

4. Не давај одговори додека не те прашаат.

5. Одговарај само на прашања. Не објаснувај.

6. Кога се карате или расправата, зборувајте само за себе и за своите чувства.

„Невротичните лица се создаваат како такви уште во детството. На пример: Родителите кажуваат дека детето е уплашено и повлечено во себе. Меѓутоа, истите тие родители дома постојано викаат, па детето живее во постојан страв и станува депресивно. Со тек на време тоа доведува до посериозни проблеми. Сè започнува во семејството“, порачува Лабковски.

„Ако и самите сте растеле во такво семејство кое од вас направило невротик, мора да го прекинете тој маѓепсан круг. Разбијте ги стереотипите, не размислувајте за своето детство и штетата која ви ја нанеле родителите. Свртете се кон вашите желби и потреби. Слушајте се себеси и што сакате вие“, советува психологот.

„Моите шест правила ќе му помогнат на секој кој сака да се ослободи од некакви проблеми. Почнувајќи од банални проблеми од типот на тоа ’дали прво да доручкувам, или прво да пијам кафе‘, па до сериозни одлуки кои го менуваат животот“, продолжува Лабковски.

„Само запрашајте се Што сакам јас?, и никогаш не го правете она кое не сакате да го правите. Секогаш цврсто застанете на вашите ставови, бидејќи тие се ВАШИ ставови“, заклучува познатиот психолог.