За Могерини пристапните преговори со Северна Македонија за оваа година остануваат стратешка цел


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првиот човек на европската дипломатија, Федерика Могерини, уште еднаш апелираше дека пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ се и остануваат стратешка цел оваа година.

„Почетокот на преговорите за пристапување годинава е и останува стратегиска цел. Не само за владата, туку и за целата земја. Мора да кажам дека ние од наша страна ја потврдивме нашата решеност да ги поддржиме сите политички сили на Северна Македонија да ја постигнат оваа цел, која е заедничка“, рече шефицата на европската дипломатија Федерина Могерини по средбата во рамките на преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Македонија во Брисел.

„Заедничка во национална смисла и заедничка во европска смисла. Горди сме што ве придружуваме во секој можен чекор од патот. Вие нè потсетивте дека е можно да се постигнат историски резултати во рамките на односите со вашите соседи и во меѓувреме да се остане фокусиран на агендата на евроинтеграциите и реформите.

Постигнувањето на двете работи во исто време беше доста извонредно.

Сите парламентарни партии во земјата, било од владата, било од опозицијата, имаат одговорност пред своите граѓани.

А ние мислиме дека тие мора да работат внатре во рамките на институциите на самата држава. Ова е пораката што ја имам пратено неколку пати во минатото, без разлика кој бил во владата, а кој во опозиција. И ова е еден од клучните елементи на добрата и силна соработка во ЕУ-институциите.

Сите видови политички несогласувања се искажуваат во рамките на соодветните институции во земјата“, порача Могерини.