23-годишниот Јордан Ѓогрѓиев, обвинет за сообраќајката несреќа кај „Сити мол“, во која загина 24-годишната Викторија Николова од Радовиш, доби три години затвор. Пресудата не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје за висината на казната. Судијката Љубинка Башевска при изрекувањето на пресудата изрази длабоко сочувство до членовите на семејството на жртвата. Покрај затворската казна, …