Home Актуелно Понеделничка временска прогноза

Понеделничка временска прогноза

Денеска, понеделник, 11. април, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Максималните температури ќе бидат во интервал од 9 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Во текот на работната седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе се спуштаат и под нулата, а најстудено ќе биде утре наутро, додека дневните температури ќе бидат во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…