Најмоќната верзија на G-Class од Mercedes е вистинска подвижна тврдина (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Inkas Mercedes-AMG G63 VIP е најмоќната верзија на G-Class трансформирана во продолжен, луксузен и оклопен крстосувач автомобил за ВИП личности.

Со зголемувањето на димензиите во должина, Инкас Мерцедесот достигна должина од 618,6 cm, додека меѓуоскиното растојание е 437,4 cm, така што новиот модел има поголема удобност на задните седишта.

Задните седишта сега наликуваат како една вистинска дневна соба на луксузна вила. Задните седишта се целосно одвоени од предните, а на патничкиот простор има телевизор со резолуција 4K.

Седиштата на кои има и механизам за масирање се направени од најдобра кожа, а мини-барот и амбиентално осветлување се заслужни за аристократското доживување при возењето и секако за голема безбедноста на патниците. Имено, Inkas Mercedes-AMG G63 на ВИП клиентите им го нуди нивото на оклоп BR7.

Луксузниот Мерцедес го придвижува 4-литарскиот битурбо V8 бензински мотор кој развива 585 КС и 850 Nm.