Најкраткиот брак: Побара развод три минути по кажувањето на судбоносното „да“

Брачен пар од Кувајт иницираше бракоразводна постапка само три минути откако се венчаа и го кажаа судбоносното „да“.

Причината за разводот кој го побара невестата многумина ја сметаат за оправдана, но многумина и сметаат дека е претерана. Веднаш откако невестата се согласила и бракот бил прогласен , таа се сплеткала од венчаницата и паднала , а младоженецот пред сите гости и рекол дека е глупава и ја навредувал .

Тоа било доволно невестата да побара развод. Со тоа, ова е најкус брак во историјата на Кувајт.

Инаку, Кувајт е на прво место по разводи во регионот. Така, 60% од склучените бракови завршуваат со развод, а меѓу причините е и склучувањето бракови од интерес.