Надлежните го открија идентитетот на жената која не се сеќаваше на своето име и без документи беше пронајдена на островот Крк


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако на хрватскиот остров Крк беше откриена мистериозна жена која немаше поим која е, се расветлија повеќе информации за нејзиниот идентитет, вклучително и фактот дека некогаш била славна холивудска златарка.

Жената била пронајдена крвава и модра, откако била забележана од хрватски рибар на островот Крк.

Таа претрпела повеќекратни исекотини на лицето, и ги известила властите дека апсолутно нема поим како завршила на острите карпи на островот и не можела да се сети на своето име.

Откако конечно била спасена од тим од 14 луѓе, било откриено дека жената, за која претходно се претпоставуваше дека има 60 години, успеала да преживее „неколку ноќи“ во таа област.

Жената сега е идентификувана од страна на хрватската полиција како 57-годишната Даниела Адамцова, по потекло од Словачка.

Веста ја сушнале пријателите на Адамцова од Лос Анџелес, кои изјавија дека таа порано била холивудска златарка на sвездите во 80 -тите и 90 -тите години.

Некои од клиентите на 57-годишната жена вклучувале славни личности како Дијана Рос, Брижит Бардо и Барбара Стрејсенд заедно со членовите на актерските екипи на „Пријатели“ и „Мелроус Плејс“.

Наводно се преселила во САД во 1984 година, но се вратила во Словачка 16 години подоцна. Во 2000 година таа се вратила во САД, но подоцна останала без покрив над главата.

Хрватската полиција изјави дека Адамцова на крајот повторно го напуштила САД и отпатувала во Ирска во 2015 година.

Се `уште останува мистерија зошто Даниела Адамцова е пронајдена на оддалечениот хрватски остров Крк без никаква документација или мобилен телефон.