Кумановската лекарка која беше фатена како зема поткуп доби осумдневен притвор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лекарката од кумановската општа болница која пред два дена беше фатена со поткуп од пациенти доби осумдневен притвор, а кумановското Основно јавно обвинителство поведе постапка против неа поради постоење основано сомневање дека сторила криични дела: Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 2 во врска со став 1, а во врска со член 45 став 1 и Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

МВР приведе лекарка во Куманово под сомнение за поткуп, во возилото ѝ најде 98 000 денари

Според ОЈО, лекарката од Очното одделение на кумановската болница на 22.09.2021 година директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејство што морало да се изврши.

„Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12 000 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“,

велат од ОЈО.
Судот со Решение на осомничената и определи мерка притвор во траење од осум дена. ​​