Над 4 милиони заразени луѓе од КОВИД-19 во светски рамки


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Статистичките податоци за светската состојба со коронавирусот, кои будно се водат и надополнуваат, укажуваат дека бројот на заразени со коронавирус во светот надмина четири милиони лица, објави веб-страницата Ворлдометерс.

Од овој вирус на планетарно ниво починаа над 276 илјади луѓе, а закрепнаа 1.39 милиони луѓе.

Најмногу заразени има во САД 1.3 милиони, каде има и најмногу смртни случаи, повеќе од 78 илјади. На второ место по бројот на заразени е Шпанија, каде починаа 26.299.

Втора земја во однос на бројот на смртни случаи е Велика Британија со над 31 илјада, а заразени се над 211 илјади луѓе.

Во Италија се заразени 217.118 лица, а починале 30.201 лице. Повеќе од 26 илјади смртни случаи има Франција, каде што се заразени над 176 илјади луѓе.