Прв викенд со полициски час од 19 часот навечер до 5 наутро


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Согласно одлуката на Владата која беше донесена на вчерашната владина седница, за македонските граѓани тековниот викенд е прв со намален полициски час во времетраење од 19 часот навечер, до 5 часот изутрина.

Оваа одлука беше донесена вчера на владина седница, со што после неколку седмици олеснет е полицискиот час за време на викендите.

Според владината одлука, младите лица под 18 години ќе може да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе може да се движат од 5 до 12 часот.

Во сила остануваат сите други владини мерки донесени за заштита од Ковид-19.