Над 2 милиони Американци се потпишаа на change.org – петиција за Клинтон да биде нов претседател


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Над два милиони Американци потпишаа петиција, со која го повикуваат Изборниот колеџ на 19 декември да гласа за Хилари Клинтон да биде новиот претседател на САД, наместо новоизбраниот републиканец Доналд Трамп, кој ги доби изборите на 8 ноември, стои во соопштението кое беше објавено на сајтот за јавни петиции „change.org“. 

„Ги повикуваме електорите да не ги прифатат резултатите од гласањето во земјата и да го дадат гласот за поранешниот државен секретар Хилари Клинтон“, се наведува во петицијата.

„Трамп не е достоен за функцијата. Неговата импулсивност, агресивното однесување, лажните изјави, признатите сексуални злоставувања и целосниот недостиг на искуство го прават опасен за републиката, пишува на „change.org“.

Потпишувачите на петицијата го оправдуваат повикот со тоа, дека иако добила помалку гласови во Колеџот, Клинтон добила повеќе гласови меѓу избирачите.

– Поранешниот државен секретар Клинтон победи при народното гласање и треба да стане претседател, се вели во соопштението.

На 19 декември 538 членови на Изборниот колеџ ќе изберат претседател, каде секој од претставниците ќе гласа за оној кандидат кој на 8 ноември освоил најмногу гласови во неговата држава.

За електорите тоа е формално гласање, при што според традиција, а во многу држави и според законот, тие се должни да изберат во согласност со гласачите во нивната држава.

Во историјата на САД има и случаи кога колеџите не гласале онака како што гласал народот, но тоа, поради формалноста на процедурата, не влијаело на резултатите од изборите.