На светов постојат луѓе кои ништо не јадат и не пијат – еве за што станува збор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бретаријанизмот и Бретаријанците (Breatharianism / Breatharians) се застапници и поборници на филозофски систем и начин на живот до кој се придржуваат луѓето кои не консумираат никакви намирници (а понекогаш ни вода) во животот.

Практикувачите на оваа животна филозофија тврдат дека живеат само од светлината или „прана“ и дека таквата „диета“ им е достапна на сите кои еднаш ќе го поминат почетниот процес.

Бретаријанците тврдат дека кога телото ќе биде оставено да биде она што е и кога ќе престанеме да се менуваме со храната која ја внесуваме, доаѓаме до бретаријанството и бесмртноста, но најважно во сето тоа е дека стануваме битија какви можеме да бидеме.

Кога еднаш ќе го оставиме телото само да се регулира, следи активирање на одредени делови на ДНК кои ги предизвикуваат следните ефекти:

Секоја клетка се полни со светлина, бела светлина која протекува низ телото и го храни. Светлината ги одржува клетките, па калории не се потребни.

Секоја клетка произведува енергија и тоа точно онолку колку што има потреба. Без непотребен вишок.

Крвта е чиста. Таа служи и за дистрибуција на хормони и во случај личноста повторно да почне да јаде, за одведување на токсините кон бубрезите.

Калиумот (тесно поврзан со праната) тече низ крвотокот и ги храни клетките.

Нискиот број на отчукувања на срцето и стабилниот крвен притисок се на ниско ниво од граничната нормала.

Крвта е рета. Белите крвни зрцна и понатаму се присутни, но не во толкав број како кога крвта е полна со токсини од храната.

Бојата на очите е подлабока, жива и сјајна, како кај новороденче. Бојата на очите може да се промени (кај една бретаријанка се променила од сиво-сина во златно-зелена).

Видот достигнува перфекција.

Бретаријански пар

Вишокот килограми се губат, акумулацијата на нечовечки маснотии исчезнува брзо како и токсините.

Во случај на недостаток на килограми, мускулите се формираат како и мастите – таму каде што има недостаток.

Косата може да почне да расте побрзо, а влакната да стана потенки.

Ноктите на прстите од носете и рацете стануваат поцврсти.

Кожата кај Европјаните станува потемна.

Гласот може да се промени, бојата на гласот стнаува посветла и помека.

Висок степен на енергија.

Радост и постојана насмевнатост.

Силна харизма и блескање.

Органите кои веќе не се преоптеретени од токсини од храна, си ја добиваат оригиналната функционалност.

Слезината произведува нутриенти.

Цревата се смалуваат.

Црниот дроб помага во производство на минерали.

Спиењето трае помалку од 4 часа дневно. Сонот има небесен квалитет. Да се заспие е како да сте на небесен облак од светлина во божји раце, тврдат бретаријанците.