Четирите лица на Лејди Гага на фамозната Мет Гала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фамозниот Мет Гала настан е луксузно и гламурозно хуманитарно случување кое се одржува во њујоршкиот музеј Метрополитен, кој важи за еден од најважните модни настани во светски рамки.

Секоја година, под директива на модната икона Ана Винтур, главната и одговорна уредничка на американското престижно модно списание Vogue, Мет Гала добива тематска инспирација на која треба да се придржуваат поканетите гости при изборот на нивните модни изданија.

Мет Гала како луксузен и гламурозен настан е познат по скапите влезници и ексклузивната листа гости која секоја година ја дефинира фамозната Винтур и ги испраќа поканите до гостите, кои не смеат да си дозволат да одбијат таква покана. Во спротивно ќе бидат ставени на „црната листа“ од Ана и никогаш повеќе нема да бидат поканети на овој настан, на кој се збираат средства за модната секција на музејот.

Оваа година темата е насловена „Camp: Notes on Fashion“, што се совпаѓа со претстојната изложба во Мет, инспирирана од есејот на американската писателка и политичка активистка Сузан Зонтаг од 1964 година, „Notes on Camp“.

Во модната екстраваганција и театралност оваа година најмногу издоминира славната пејачка, музичарка и актерка Лејди Гага, која во четири различни изданија буквално распали на овогодинешното издание на настанот.

Гага пристигна во огромен розев фустан на дизајнерот Брендон Максвел, за потоа да почне постепено да се раслекува и на крајот да остане пред фотообјективите во поексплицитно издание само по долна облека и високи потпетици.