Home Вебкафе Активистка го удри австралискиот премиер со јајце во глава (видео)

Активистка го удри австралискиот премиер со јајце во глава (видео)

24-годишна девојка беше приведена од страна на австралиските полициски служби откако на еден предизборен митинг го погоди со јајце во главата австралискиот премиер Скот Морисон.

На снимките се гледа како Морисон накратко се фаќа за главата, но исто така се забележува дека јајцето не се скрши откако удри во неговата глава.

Обезбедувањето реагирало и жената е спроведена во полиција. Ројтерс пренесува дека жената е обвинета за физички напад и за поседување дрога, откако кај неа било пронајдена марихуана. Ослободена е со кауција и добила наредба редовно да се јавува на суд.

Премиерот Морисот инцидентот го квалификувал како кукавички напад на активист кој нема почит кон никого.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…