На Radiohead им хакираа необјавени песни и им бараа 150.000 долари откуп – еве што направи бендот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славниот бенд Radiohead јавно соопштија дека биле мета на хакерски напад во кој им било хакирано еден куп необјавена музика, после што хакерите барале финансиски откуп од 150.000 долари за да не им ги објават необјавените песни. Но, наместо кеш, хакерите добија студен туш од бендот.

Наместо да платат за да го спречат објавувањето на песните, Radiohead истите ќе ги објави во знак на поддршка за еколошката група „Бунт кон истребувањето“, објави АП.

Гитаристот Џони Гринвуд на Твитер објави дека минатата недела околу 18 часа материјал од времето околу албумот OK Computer на Radiohead од 1997 година е украден од минидиск-архивата на пејачот Том Јорк.

Гринвуд во вторникот рече дека наместо да ги платат 150.000 американски долари што ги бараат хакерите, „ги објавуваме сите 18 часа на Бендкемп (сајт за споделување музика) во знак на поддршка на Бунт кон истребувањето“.

Фановите можат да ја купат музиката за 18 фунти во следните 18 дена. Гринвуд изјави дека таа никогаш не била наменета за објава и дека „е само површно интересна“. Здружението Бунт кон истребувањето, групата што спроведува протести со директна акција против климатските промени, му се заблагодари на Radiohead „од дното на срцето“.