На површина твитовите на Трамп за топлес фотките од Мидлтон: „Кој не би ја…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога се впушти во трката за претседател на една од трите најмоќни земји на светот и воено најмоќната сила на светот, САД, Доналд Трамп требаше да има на ум дека сите стари твитови со секакви тропарања, глупости, зајадливи муабети и други недолични зборови ќе му излезат на површина и повторно ќе се актуелизираат.

Додека Трамп беше „само“ бизнисмен, имаше мерак со светот да го споделува своето мислење, дури и за најбаналните и најглупави работи.

Така, во не толку далечната 2011 година, не можеше да одолее да не ја пропушти веста за топлес фотките од Кејт Мидлтон, за кои, нормално, имаше што да каже.

„Кејт Мидлтон е супер, но не би требало да се сонча гола, сама си е виновна за тоа што се случи“, напиша тогаш. И за разлика од другите кои го осудуваа папарацото кој ја фати Кејт гола на француските плажи, Трамп беше на негова страна.

„Па, кој не би ја фоткал Кејт и да заработи куп пари за тоа, ако таа така се сонча. Кејт, олабави“, напиша Доналд.

А еве, дојде ред Трамп да биде поканет во Велика Британија за да се запознае со кралското семејство, како прв човек на САД, па ќе биде интересно да се види како ќе помине средбата со Кејт.